Здолниште во кое ќе се вљубите | Trendseteri
Menu

Здолниште во кое ќе се вљубите

Нов пролетен моден тренд што наскоро ќе се забележува и на улиците кај нас


Пролетта доаѓа, а со неа и најдоброто време во годината за освежување на нашата гардероба. Време е да се ослободиме од сите големи, дебели џемпери и да ги замениме со лесните и разнобојни пролетни парчиња облека.

 

Имајќи го ова на ум, на улиците ширум светот сè почесто се забележува едно модно парче коешто се очекува да ја освои оваа пролет. Станува збор за миди сатенско здолниште со ретро дизајн – нешто што никој не очекувал дека ќе се пробие на самиот врв на модните трендови.

Ако ги погледнете Инстаграм профилите на познатите инфлуенсерки и најновите блог објави, ќе забележите дека сите овие девојки имаат барем еден модел од ова здолниште. За оваа пролет, тоа им е првиот избор.

Најдоброто нешто? Ова здолниште лесно се комбинира и можете да го носите во сите прилики, од дневно кафе со пријателите и вечерно излегување до секојдневното одење на работа и сите дополнителни работни настани. Па, ако сакате да ја почнете оваа пролет со стил, тогаш сè што треба да направите е да го облечете ова здолниште!