Свечено отварање на првиот XYZ Fashion Store во Австрија
Благодарение на Sportina Group, Австрија е побогата со единственото модно искуство – XYZ Fashion Store, кој е отворен во шопинг центарот Атрио.
XYZ Fashion Store веќе воодушевува милиони купувачи во регионот, бидејќи ги спојува најпосакуваните модни брендови, овозможува единствено модно искуство при купување и со своите купувачи ја дели страста спрема модата. Овој нов концепт се темели на тоа што секое модно парче е посебно избрано, што овозможува на секој поедиец создавање на единствен стил за секоја прилика. Посебно избраните материјали и декорации карактеризираат уреденост, чувство како да сте во својот дом и интима која ја нудат само домашните плакари со гардероба. Тоа е простор во кој сите модни брендови се чувствуваат одлично и целта е така да се чувствуваат и купувачите. Концептот го заокружуваат искусните продавачи кои се вистински познавачи на модните глобални трендови.
Во XYZ Fashion Store ќе бидат застапени најпознатите модни имиња, како што се Michael Kors, UGG, Armani Jeans, Polo Ralph Lauren, Hugo Boss, Antony Morato, Trussardi Jeans, Superdry – што се само некои од бројните модни брендови што ги нуди XYZ во регионот, како Burberry, Dsquared2, Elisabetta Franchi, Karl Lagerfled, Hugo Boss, Marc Cain…
Ова модно случување на социјалните мрежи може да го пронајдете под хаштагот #xyzfashion.