Тоа што го носи најубавата актерка на денешницата допринесува да биде најубавиот фустан со точки што сме го виделе
Преубавата Zoe Kravitz заблеска на LACMA Film + Art Gala настанот кој се оддржа во Лос Анџелес.
Иако актерката играше на сигурна карта, класичен крој, елеганција во стилот „мал црн фустан“, сепак се на овој модел е некако различно и впечатливо.
Прав крој, макси коктел должина, спуштени раменици како стилот на Brigitte Bardot, во него изгледаше фантастично и отмено убавата Zoe, а е дело на Gabriela Hearst.
WOOOW ефектот е постигнат во секој сегмент на овој преубав елегантен модел, кој воедно е и безвременски.