Идеални зимски модни додатоци
Сите веќе сме опседнати со празничната еуфорија, прошетките никогаш не биле поубави, накитените паркови и улици светат како од бајките, од сите барови не нами мирисот на цимет и греано вино, слатки и колачи.
Со доаѓањето на студените денови посебно место во уличната мода заземаат плетените парчиња облека.
Оваа година како што веќе знаеме омилени се oversized моделите на џемпери. Со овие текстури совршено одговараат овие впечатливи модни додатоци, како Freywille алки кои ќе го направат вашиот изглед поелегантен од било кога.
За прекрасен зимски стајлинг малку е потребно. Со едноставен џемпер додадете ги овие парчиња накит, црвен кармин на усните, голема насмевка и подготвени сте!
За дополнителни информации за Freywille накитот можете да ја посетите нивната онлајн или фејсбук страница и уживајте во празничните денови… секогаш тренди и ин.