Волненото елече повторно "ин" | Trendseteri
Menu

Волненото елече повторно “ин”

Волнените елечиња на голема врата во светот на модата

 

Шарените елечиња од волна често се сметаат за непосакувани и непривлечни дневни парчиња облека. Обично на овој стил се гледа со потсмев, но се чини дека на прагот на 2020 година, волнените елечиња на голема врата се враќаат во светот на модата.

За враќањето на ова дневно парче посебно е заслужен скандинавскиот стил. Скандинавските трендсетерки го комбинираат со популарни блузи или пак со “неспоиви” шарени дневни комбинации.

Ова парче можете да го комбинирате со едноставна бела кошула, фармерки со висок струк и високи кожни чизми. Ако ништо друго, барем можете да бидете сигурни дека оваа зима ќе ви биде топло и удобно.