Волнени чорапи и сандали? | Trendseteri
Menu

Волнени чорапи и сандали?

Брендот Coach со нова колекција

 

Иако долго време се сметаше за модно промашување, комбинацијата чорапи-сандали веќе неколку сезони владее во уличниот стил. Но како што и се случува со сите модни трендови, штом малку стануваат досадни и вообичаени – веднаш се оди на поекстремна варијатна. И понекогаш стануваат апсурдни.

Американскиот моден бренд Coach кој се смета за еден од оние брендови кои ја диктираат модата на улиците во Њујорк, излезе со нова колекција Coach 1941. Оваа кул колекција која потсетува на ретро од 70-тите е вистински урбана и stylish, но еден детал привлече огромно внимание – комбинацијата на сандали со дебели волнени чорапи, по можност во светли и весели бои.

Дали ова е навистина too much или вовед во нова модна приказна, останува да видиме.