Љубовен хороскоп за Водолија – месец март 2018та
За Водолиите овој месец ќе биде во фаза на подготовка за настаните кои ги пранираат кон крајот на следниот месец. Преокупираноста со професионалниот живот на кратко ќе ги дистанцира од и онака не секогаш приоритетниот емотивен свет. Средината на месецов ќе им донесе на Водолиите интересно познанство кое е поврзано со кратко патување или е на некој начин поврзано со посета на настан од образовен карактер. Водолиите кои се во стабилен емотивен однос кројат подолгорочни планови за странство будно следејќи ги настаните поврзани со тоа. За нив ова е месец на емотивна хибернација за сметка на „големите“ планови на кои се посветени. ПОлната Месечина на крајот од месецот носи разрешување и откривање на важни информации поврзани со емотивна врска која ве измачува изминативе 6 недели. Квалитетни контакти и позанства доаѓаат преку посредство на пријател.
Поволни датуми: 13,14,30 и 31.
Неповолни датуми: 6,7,21 и 22.