Љубовен хороскоп за Водолија – мај
Водолиите овој месец ги очекуваат возбудливи патувања, како и возбудливи емотивни познанства на истите. Оние Водолии кои се во тајна или на некој начин неконвенционала емотивна врска, на крајот од следниот месец ќе ги расчистат сите емотивни дилеми кои ги мачат веќе подолго време. Родените во втората декада ќе имаат потешкотии во комуникацијата со партнерот на средината од овој месец. Последната недела носи стабилизација на емотивните односи. Слободните претставници на овој знак може радосно да го дочекаат престојот на Венера, планетата на емоциите и љубовта во нивното поле на љубовни врски. Практично, контактите, познанстата и врските започнати овој месец, за Водолиите ќе донесат постабилен облик и емотивно задоволство кое ќе трае.
Поволни датуми: 2,3,16 и 17.
Неповолни датуми: 14,15,27 и 28.
ВРАТИ СЕ НА ПРЕГЛЕД – ХОРОСКОП