Љубов | Trendseteri
Menu

Љубов

Единствената дефиниција за вистинска „љубов“


Љубов
. Колку сложена, толку едноставна.

Ја дефинираме со помош на само два збора: грижа и жртва. Целата комплексност на чувството само во тие два збора ни ја собира. Заедно. Не издвоено, во едниот или другиот.

Понатаму е едноставно. Ако некој искрено се грижи за тебе и во исто време е спремен да жртвува дел од своето за твоето добро, тој сака. Сè друго, во било која друга форма, љубов не е.

Себичност, самољубие, сè може да биде, само вистинска љубов не. Ако се двоумиш, ако не знаеш, пробај, одговори си на овие две прашања, и само така ќе дознаеш дали си сакан/а и дали сакаш.