Со овие особини ќе бидете вистинска “бомба” во кревет | Trendseteri
Menu

Со овие особини ќе бидете вистинска “бомба” во кревет

 

Според истражувањата во една анкета мажите одговараат на прашањето: Што според твоето мислење ја прават жената бомба во креветот за време на сексот?

Погледнете ги одговорите…

Одушевеност

“Ентузијазам”.

 

Привлечност

“Помалку е важно што прави во креветот. Многу е поважно колку ме сака и колку ја привлекувам”.

 

Искра

Хемијата ја прави играта. “Најдобриот секс кој сум го имал беше со жената која екстремно се палеше на мене и тоа можеше веднаш да се почувствува ”.

Страст

Мажите сакаат да копнеете по нив. “Кога жената ќе ми шепне на уво колку ме посакува и колку сум и секси – тоа ми е суперсекси”.

 

Нежност

“Кога ќе ми покаже дека го сака моето тело – сеедно дали е тоа вербално или физички ( гушкање, прегратки…), и ако сака да гали со мене, тоа ми е феноменално”.

Отвореност и самодоверба

Сексуална компактибилност. “Имам некои посебни желби и сметам дека е добро ако жената барем е отворена за тоа, иако можеби нема да сака да го направи тоа со мене. Важно ми е да се чувствувам добро во кревет и да можам да бидам онаков каков што сум без страв дека ќе ме осудува. А најсекси ми е самодовербата кај жените за време на сексот”.

 

Полн ангажман

“Секој е различен. Додека и е забавно, ужива и ми кажува се што сака – се е прекрасно”.

 

Срце (емоции) 

“Талентот и способноста не носат ништо доколку немаш емоции во тоа”.

 

Желба за експериментирање

“Ако жената сака да ги испита сите аспекти на сексуалноста, тоа за мене е преубаво доживување. Комуникацијата е најважна”.

Мобилност

“Она што ја прави жената добра во кревет е фактот да не мораме задолжително да бидеме во креветот. Не сакам секс само во креветот, пред спиење… Сакам секс во автомобилот, во кујната, ходникот, секаде. Дури некогаш не мора ни секс, само да знам дека ме посакува. Тоа го сакам од партнерката”.

 

Присутност

“Фактот дека е со мене во кревет”.