Вистината за активниот животен стил | Trendseteri
Menu

Вистината за активниот животен стил

Вистината за активниот животен стил

 

 

Многу често кога луѓето ќе го слушнат зборот активен го поврзуваат со нешто тешко и страшно.

Луѓето имаат слика дека активниот животен стил подразбира саати поминати во фитнес или пак некои екстремни вежби, offroad велосипедизам, искачување планини, трчање маратони итн. Таа претстава е резултат на многуте вљубеници во спорт и активен животен стил кои благодарение на социјалните медиуми и интернетот промовираат таков живот. И, тоа е прекрасно затоа што инспирираат многу луѓе да започнат поквалитетен животен стил, но сепак обичниот човек не е заљубен во тоа и веднаш си кажува на себе: “јас нема шанси ова да го правам”.

Некои луѓе сметаат дека за да бидеш активен треба да бидеш фит и да имаш six pack (стомачни) затоа што на рекламите и социјалните мрежи ќе видиме реклама поврзана со активен живот и здравје која има слика на врвно тонирано тело.

Опасностите на нашиот животен стил

 

Модерниот свет на технологија и превоз ни го има променето начинот на кој што ние луѓето живееме. Многу луѓе имаат работно место поврзано со целодневно седење, во простор кој е климатизиран без свеж воздух. Најчесто од работа се влегува во кола или автобус, се стигнува во зграда, се користи лифтот и повторно се седи или лежи затоа што сте уморни од работа.

Да бидеш активен не мора да се поврзува со членство во фитнес центар или некаква дисциплина од кој што нема бегање затоа што сум платил чланарина и морам да одам.

 

Најдете го сопственото “активен”

 

Вистината е дека доколку не седиш или лежиш, ти си активен. Макар и тоа да биде и некоја домашна работа во домаќинство или гаража. Согоруваш калории.

Наоѓање на соодветната активност за вашето тело е најдобриот совет што може да ви помогне во вашиот начин на живот. Зголемување на нивото активност може да биде едноставно како попладневна прошетка или драматична како спремање за маратон. Еднаш кога ќе се обврзеш, твоето тело на неделно ниво ќе почнува да се адаптира на интензитетот на вежбање и погоди што потоа? Ќе се инспирираш за да одиш на следно ниво…

 

Некој ден може да ве мрзи, некој ден одете на крос фит, некој ден одете да трчате или качете се на Водно. Изберете си сами од каде ќе почнете и што ќе правите, симнете ја најдобрата апликација “FitKit” на следниов линк и најдете дисциплина или место што ќе биде за вас.