Сите очи беа вперени кон неа | Trendseteri
Menu

Сите очи беа вперени кон неа

Атрактивната инфлуенсерка го привлече вниманието со своето смело издание на црвениот килим во Венеција


Го украде шоуто на црвениот килим во Венеција

И додека оваа година голем број звучни имиња на Филмскиот фестивал во Венеција не направија некој поголем спектакл, бројни инфлуенсерки го искористија тоа и го насочија фокусот кон себе со своите смели модни изданија.

Па така на самото затварање на фестивалот во центарот на вниманието беше убавата Виолета Мангаринијан, Инстаграм инфлуенсерка која овој црвен килим го искористи како отскочна штица за својата кариера.

Атрактивната инфлуенсерка го привлече вниманието со своето смело издание појавувајќи се во бел фустан со длабок шлиц, но и опасно деколте.

Убавата Шпанка креацијата ја заокружи со едноставни сандали со ременчиња, како и со нејзината преубава долга коса.

Таа на социјалните мрежи е мошне популарна – на Инстаграм има преку милион следбеници од целиот свет, иако на оваа мрежа е активна само година и пол. Таа во Венеција беше со своето момче Фабио Кољорикио кој носеше класичен црн костум со бела кошула.