ВО МИСТЕРИОЗНАТА КУТИЈА ВО СИТИ МОЛ СЕ КРИЕШЕ – НОВАТА А-КЛАСА | Trendseteri
Menu

ВО МИСТЕРИОЗНАТА КУТИЈА ВО СИТИ МОЛ СЕ КРИЕШЕ – НОВАТА А-КЛАСА

Викторија Лоба зборува со автомобил, со новата Mercedes-Benz А-Класа

 

 

Со спектакуларно откривање и несекојдневна презентација, Мак Аутостар, генерален застапник на Mercedes-Benz во Р. Македонија ја претстави новата A-Класа, повторно револуција во автомобилската индустрија – првиот Mercedes-Benz автомобил кој е способен да зборува со возачот и да ги учи неговите желби и навики. Ова е овозможено благодарение на новиот систем – Mercedes-Benz User Experience (MBUX), со кој Mercedes најавува нова ера на дигиталната комуникација.

Првиот разговор со новата А-Класа го направи секогаш шармантната Викторија Лоба, која воедно и детално го претстави новиот автомобил, за кој истакна дека е најаеродинамичниот во својата класа и со најмногу вградени системи за безбедност во светот.

Што се однесува до технолошката напредност, луксузот и удобноста, таа ја презентираше внатрешноста на автомобилот кој веќе нема класична инструмент табла, туку има два дигитални екрани со големина од 10 инчи и може да се ракуваат со допир, потоа внатрешност што може да се обои во 64 различни бои, а за оние што сакаат вистинско уживање може да нарачаат масажери, вградени во седиштата.

Лоба зборувајќи со Mercedes A-Класата, преку едноставни изговорени реченици, успеа да ја прилагоди температурата во возилото, да избере омилена радио станица, да направи телефонски повик или да го отвори сончевиот покрив.

Инаку, новата A-Класа е претставена на јавноста, откако претходно беше скриена во мистериозната црна кутија со тајмер, а која предизвика огромно внимание во јавноста и на социјалните мрежи.

Доаѓањето на нешто сосема ново, како што е Mercedes А-Класата, автомобил што зборува со возачот значи поинаков начин на размислување, а тоа е симболиката на ова претставување, да се размислува Out of the box”, изјави директорот за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

cof