Victora’s Secret Show нема да се одржи оваа година | Trendseteri
Menu

Victora’s Secret Show нема да се одржи оваа година

Крајот на една ера

 

 

Некогаш најобожаваниот бренд за долна облека е вистински пример што им се случува на оние кои одбиваат да се прилагодат на новото време.

После неколку месеци спекулирања на социјалните мрежи, но и критичките коментари на експертите кои истакнуваа како поимот сексепил и тоа како денес е променет, дека оној за кој пропагираше најмоќниот светски бренд одамна рокот на траење му е поминат, стигна и официјална вест: Victoria’s Secret Show, за прв пат после 24 години, нема да се одржи.

Victoria’s Secret Show со години важеше за моден Super Bowl. Најголемиот моден спектакл кој се карактеризираше со екстраваганција и раскош, традиционално се одржуваше во ноември секоја година и се прикажуваше на ТВ екраните во декември, а во нивните најдобри денови ова шоу го следеа повеќе од 10 милиони гледачи ширум светот. Илјадници девојки пораснаа со ова шоу, сечејќи фотографии од весниците и лепејќи ги по ѕидовите како постери. Ниту една модна ревија не привлекуваше толку внимание како шоуто на Викторија Сикрет.

Но, сега светот се промени, и неодамнешниот најпопуларен бренд за долна облека продолжи со стариот рецепт кој некогаш му носеше слава и огромни приходи. Минатата година ова шоу беше гледано од само 3.3 милиони луѓе, што е четири пати помалку во споредба со нивните најдобри денови неколку години претходно.

Најважната причина за нивниот пад е дефинитивно пребавното прилагодување на новите трендови. Прекрасните ангели со совршено тело им станаа досадни на публиката, а брендот често беше мета на критики токму заради нивното прикажување на “совршеност”, која е далеку од реалноста. Ситуацијата кулминираше кога директорот за маркетинг Ed Razek во едно интервју изјави дека на шоуто не му се потреби plus-size модели бидејќи неговата улога е да ја прикаже фантазијата, а не реалноста. После низа критики, тој поднесе оставка, но штетата беше веќе направена.

Но сепак, завршиот удар на Викторија Сикрет го зададе спектаклот на Ријана со Savage x Fenty шоуто. Ријана на публиката и ја претстави новата визија на сексепил, наменето за жените, а не за мажите. Разновидноста на модели, самодоверба и женска моќ, кој ја претстави реалноста, а не совршеноста. Триумфираше баш таму каде што Викторија Сикрет потфрли. Откажувањето на ова шоу кое за прв пат се емитува уште во 1995 година не значи и крај на брендот, но секако го означува крајот на една ера.