Романтична нова колекција на венчаници од Ателје Коцарева | Trendseteri
Menu

Романтична нова колекција на венчаници од Ателје Коцарева

Новата колекција на венчаници маѓепсува со свежи силуети и возбудливи форми


Невестите кои се во потрага по нешто со поинаква естетика, сега можат да воздивнат бидејки новата колекција истовремено е возбудлива, невина и интригантна. 
 
Романтичните елементи се забележуваат кај венчаниците кои ги откриваат рамената, кај проѕирните материјали кои паѓаат на подот и кај чипката која е неизноставен материјал кога се во прашање венчаниците.
 
Новите венчаници од колекцијата пролет/лето 2019 опфаќаат четири различни стилови на невести.
 
Колекцијата се базира на бохо стилови на невести, романтични стилови, невести со класични стилови и невести со модерни стилови.
 
Невестата која ја креира Коцарева е бунтовна, природна, неоптеретенa и со свој личен стил. 
 
Ателје Коцарева ќе биде дел од овогодишниот „саем за венчавки“ кој ќе се одрши од 22. до 24. фебруари во хотелот Александар Палас во Скопје 
 
Колекцијата можете да ја погледнете во следната галерија.