Веќе не му е рано да се врзе: Ќе се жени Мартин Вучиќ! | Trendseteri
Menu

Веќе не му е рано да се врзе: Ќе се жени Мартин Вучиќ!

Веќе не му е рано да се врзе: Ќе се жени Мартин Вучиќ!

 

 

Синот на Драган Вучиќ, познатиот пејач Мартин Вучиќ на 9 јуни ќе се жени со својата долгогодишна девојка Сања. Свадбата ќе се одржи во “Камник”.

Мартин долго време ја криеше својата љубовна врска од јавноста, а медиумите првпат пишуваа дека Мартин и Сања се заедно скоро една година откако ја почнаа врската. Двојката е заедно од 2014 година. Тие веќе подолго време живеат заедно.

Мартин Вучиќ беше еден од најпознатите пеачи во Македонија, на почетокот на 21 век, кога македонската музика доживеа најголема експанзија. Во 2005 година тој ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Make my day, а негов најголем музички хит е “Рано е да се врзам”.

Сепак веќе не му е рано да се врзе. Честитки!

 

Во продолжение, слушнете го неговиот најголем музички хит…