Вечна класика што никогаш не излегува од мода | Trendseteri
Menu

Вечна класика што никогаш не излегува од мода

Еве како најдобро да го искомбинирате ова модно парче летово!


Ова задолжително модно парче е многу прилагодливо за носење, бидејќи може да се искористи и за дневни и за вечерни варијанти. Одлично изгледа во секое годишно време и може да се комбинира со сите други модни парчиња. Дефинитивно станува збор за парче облека што секоја жена треба да го има!

Жените понекогаш ја одбегнуваат, бидејќи се плашат да не изгледаат премногу обично, но ние ви предлагаме неколку варијанти како можете да ја носите и да изгледате феноменално.

 

Белата маица и добриот џинс секогаш се одличен избор.

Одлично ја заменува деловната бела кошула, бидејќи кој сака да ја носи кога ќе настапат врелите денови?!

Сакото врз бела маица изгледа многу моќно. Комбинирајте го со шорцеви или фармерки. Во секој случај ќе оставите впечаток на самоуверена деловна жена.

Комбинирајте ја со омилениот пар фармерки, шроцеви, бермуди, здолништа, па дури и со фустани. Оваа комбинација ќе изгледа многу модерно.