Моќно видео: Вардар е “бесмртен”, долг беше патот до врвот | Trendseteri
Menu

Моќно видео: Вардар е “бесмртен”, долг беше патот до врвот

Моќно видео: Вардар е “бесмртен”, долг беше патот до врвот

 

 

 

Вардар е “бесмртен“ , вака се опишува новиот европски шампион, преку видео материјалот на IP14, кој под насловот „Бесмртни“ со моќна монтажа го опишува патот на Вардар до врвот. Тој беше долг четири години, кога на чело на клубот дојде новиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко. Од изградбата на спортскиот центар Јане Сандански, до трите последователни четврфинални дуели, каде на Вардар можеби му недостасуваше малку среќа, да стигне до посакуваниот Ф4 во Келн. Тоа им успеа оваа сезона, кога го поминаа Фленсбург и се пласираа на завршниот турнир. Таму ги чекаше Барселона, која падна на колена, а потоа и ПСЖ, кој ги има најдобрите светски играчи, но и најголем буџет од сите учесници во ЛШ. Секоја пречка ја поминаа Вардар и на крајот го подигнаа трофејот од најголемото натпреварување. Голот на Чупиќ ги изнесе луѓето низ улиците на Скопје, кои славеа до доцните новќни часови, а два дена подоцна следеше заедничкото славје со играчите, кое започна од аеродромот “Александар Велики“, а заврши на плоштадот во Скопје.

Погледнете го ова навистина моќно видео, за нашите херои кои ја израдуваа цела Македонија…