Vanessa Mae настапува на 15ти мај во Скопје | Trendseteri
Menu

Vanessa Mae гостува во Скопје

 

Vanessa Mae  настапува на 15ти мај во Скопје

 

Vanessa-Mae Vanakorn Nicholson професионално позната како Vanessa Mae (Ванеса Меј) е британска мега популарна виолинистка. Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот.

Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми.

Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски. Особено остава впечаток со нејзината изведба на “Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет.

Vanessa е првиот изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата “Најдобар женски изведувач”. Во 2006 година e рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.

На своите концерти Vanessa Mae свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот. Vanessa Mae за прв пат доаѓа во Македонија, каде ќе се претстави пред публиката во Арена Борис Трајковски на 15ти мај 2017 во Скопје. Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот. Концертот е во организација на Прагма Продукција, а е поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија и Македонската Филхармонија.

Поред музичката кариера, Vanessa Mae е исто така учесник на олимпиадата во 2014та год. во Сочи во категориите слалом и велеслалом, каде што настапуваше под знамето на Тајланд. Vanessa Mae го усвоји 67то место на велеслалом.