Новинарката Валита победи на „Канео фест“ | Trendseteri
Menu

Новинарката Валита победи на „Канео фест“

Новинарката Валита победи на „Канео фест“

 

Новинарката Валентина Ѓеоргиевска – Парго  победи на овогодинешното издание на летниот фестивал „Канео фест 2017“ на поп вечерта. Таа со композицијата „Парче душа за тебе“ чии текст го напиша Цане Трајчевски, а музиката и аранжманот Ристо Апостолов, ја освои првата награда од публика на поп вечерта на овој популарен и познат македонски фестивал кој секоја година традиционално се одржува во Охрид.

„Многу голема благодарност им упатувам на Цане Трајчевски и Ристо Апостолов, како и на Васко Божиновски кој беше мојата сценска придружба. За оваа песна наскоро ќе се снима видео спот со светско режисерско име, а со македонско потекло“, вели Валита.