Успешно издание на OHRID OUTDOOR FESTIVAL | Trendseteri
Menu

Успешно издание на OHRID OUTDOOR FESTIVAL

Првото издание на OHRID OUTDOOR FESTIVAL

 

Вчера се одржа првото издание на Ohrid Outdoor Festival

Присуство зедоја голем број активни планинари ,вљубеници на планината , рекреативци и велосипедисти кои имаа можност да уживаат во прекрасната „Галичица“ и погледот кон двете езера.

Гости на планинарската тура беа и туроператорите и новинари од Италија кои што учествуваа во Промо Турата „Охрид 2019 “.

Целокупната позитивна атмосфера беше надополнета од прекрасните временски услови.

Ohrid Outdoor Festival беше организиран од страна на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Општина Охрид и забележа и повеќе од успешно прво издание.