Воодушевувачки уметнички дела од дрво | Trendseteri
Menu

Воодушевувачки уметнички дела од дрво

Уметноста не знае за граници

 

Овој уметник остави свој белег низ целиот свет, а неговата најголема инспирација се зелените површини, шуми и паркови. Блиску до природата.

Британскиот уметник Тим Норис најмногу се инспирира од природата и сите нејзини облици со создавање на скулптури од природни материјали. Специјализирал на изработка на скулптури во големи димензии, има изработено свои дела во најпознатите паркови на светот.

Овој уметник собира дрва и други материјали кои може да ги пронајде во шумата и од нив изработува несекојдневни и оригинални дела. Освен уметничкиот аспект на своите дела за кои Тим се надева дека ќе ги инспирира и другите креативно да се изразат, тука е и рециклирањето како битен аспект преку кој Тим не само што ја разубавува околината, туку и придонесува за нејзино зачувување и заштита.

Освен создавањето на скулптури, Тим изработува и дела по нарачка, а неговите клупи ќе можете да ги пронајдете во парковите во Лондон, како и низ ширум цела Америка.

Погледнете ги неговите прекрасни дела, навистина се воодушевувачки.