Учете од најуспешните | Trendseteri
Menu

Учете од најуспешните

Учете од вистинските лидери. Тајните на сериозно успешни луѓе


Успехот… Само на Амазон можете да пронајдете повеќе од 30 илјади книги кои ќе ве научат како да станете лидер, додека низ светот се одржуваат стотици и илјадници семинари и дебати на тема успех и лидерство. Меѓутоа лидерството не го сочинуваат само извршните директори или уредници кои седат на конференциските фотељи… Лидерството е нешто многу повеќе. Тоа е способност за влијание. Способност да ја пренесете вашата идеја на вашите следбеници, колеги, вработени, партнери и заедно сите да следите една визија, заедно сите да се борите кон една цел. Големите лидери, оние кои не се откажуваат, знаат дека неуспехот е само еден чекор до вистинскиот успех.


Верувајте во својата цел

„Apple успеа бидејќи луѓето кои го создадоа цврсто верувааа дека нивната страст може да го промени светот“ – изјавил Стив Џобс на интернационална конференција. „Лидерите не ги контролираат и злоупотребуваат луѓето, тие ги хипнотизираат“ – изјавил Џо Рејман, извршниот директор на „Bright House“, кој смета дека лидерите имаат само една цел: тие сакаат да го променат начинот на кој планетата фунционира.


Константно давајте

Според психологот Адам Грант постојат 3 типови на луѓе: оние кои даваат (кои уживаат помагајќи на другите), оние кои земаат (приоритет им е да си помогнат себе си само) и еднакви (посакуваат успех и за себе и за другите). Грант открива дека луѓето кои даваат се најуспешните луѓе. Тоа го прават бидејќи гледаат потенцијал во некого, дури и поголем отколку во себе си.


Дозволете си себе одмор, chillout

Што е тоа што го имаат заедничко Ричард Бренсон, Џеф Весоз, Барак Обама, Мариса Мајер и многу други? Сите редовно заминуваат на кратко патување подалеку од работното место, спортуваат, медитираат, се дистанцираат и се посветени на себе си. Во здраво тело, здрав дух нели? Тоа ги прави енергични и позитивни да се вратам назад и да ги изработат нивните обврски и да ги пребродат сите нивни предизвици со кои се соочуваат. Тешко дека би можеле сето тоа да го изведат доколку имаат проблем со несоница, агресија, болка или некој вид на зависност.


Слушајте

Бил Клинтон вели дека успеал бидејќи свесно и многу внимателно ги слушал своите соговорници. За време на неговиот мандат се зборува дека сета негова харизма била благодарение на оваа карактеристика. Тој внимателно ги сослушувал сите комгресмени, дипломати, бизнисмени, гости, вработени… „Отсекогаш сум бил заинтересиран за животните приказни на луѓето. Сакав подобро да ги запознаам, да ги разберам“ – напишал Бил Клинтон во својата автобиографија „My Life“.


Бидете отворени за нови идеи и технологии

Лидерите мора да имаат отворен ум и да бидат флексибилни, за полесно да се прилагодат на промените и предизвиците. Тоа им овозможува нов свет преполн со нови можности, нови идеи. Тоа секако не значи дека тие константно го менуваат начинот на кој фунционираат, туку имаат „open mind“ за нови идеи.


Сочувствувајте со другите

Оваа особина е неизбежна и клучна на големите лидери. Токму овие лидери кои се грижат за другите, успеваат на изградат стабилно царство бидејќи своите вработени и компанија ги доживуваат како семејство. Успешните луѓе не работат сами. На нас ни е потребна и вербата подршката од другите доколку сакаме да постигнеме некој успех.