Учете од најуспешните: Како размислуваат милијардерите? | Trendseteri
Menu

Учете од најуспешните: Како размислуваат милијардерите?

Како размислува милијардерот во споредба со просечниот човек? Какви се тие луѓе? Како го гледаат животот?

 

Милијардерите, особено оние кои сами почнале од нула и станале милијардери, имаат поинаков начин на размислување отколку просечниот човек. Тие  го разгледуваат животот поинаку. Додека просечниот човек размислува краткорочно, милијардерите размислуваат долгорочно. Тоа нè доведува до првата разлика меѓу еден милионер и просечниот човек.

Оние кои постигнуваат вистински и непрекинати успеси споделуваат неколку заеднички карактеристики за тоа како тие пристапуваат кон нивната работа и нивните животи.

 

1. Инвестирајте во себе

Ова е многу едноставен концепт, но нешто што ќе мислите дека некој што “го направил” ќе престане да прави. Милијардери поминуваат значително време вложувајќи значителен дел од своите ресурси на само-надградување (без разлика дали станува збор за нов јазик, вежби, нови софистицирани вештини итн.). Во моментот кога престанете да инвестирате во себе, вие сте ги отпишале идните дивиденди во животот.

 

2. Следете ја својата страст и бидете опседнати со тоа

Можеби сте слушнале дека позади секој успех се крие страст. Да се ​​биде успешен во животот не е доволна само страста, туку едноставно мора да биде опседнати со неа. Не е доволно само да излезете на сцена и на некого да му кажете “навистина сум страстен за таа работа”. Треба да почнете со акција. Вие со вашата работа и мотивираност треба да го покажете тоа и луѓето сами да ви кажат дека вие сте опседнати за тоа нешто. Верувајте во себе, и само тогаш луѓето ќе веруваат во вас.

 

3. Фокусирајте се на штедење, а не на брзо богатење

Најголема грешка е ако на време не научите да штедите. Штедењето е навика. Не треба да се обидувате набрзина да се збогатите, бидејќи е невозможно и не треба да губите ни време ни пари верувајќи во илузии.

“Паѓав на некои предмети на испитите, но мојот пријател ги положи сите. Денес тој е инженер во “Microsoft”, а јас сум сопственикот на оваа компанија” – Бил Гејтс

“Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е секогаш да се обидувате” – Томас Едисон

“Понекогаш кога воведувате нешто ново, правите грешки. Најдобро е брзо да ги признаете и да продолжите со подобрувањето на останатите ваши иновации” – Стив Џобс

 

4. Опкружете се со успешни и среќни луѓе

Не залудно рекле: “кого си-таков си”. Секој човек почнува да наликува на луѓето со кои поминува највеќе време. Навистина е едноставно да се разбере, опкружувањето во коешто се движите и во кое живеете се одразува на сите делови од вашиот живот.

Ако сакате да бидете среќни и успешни, опкружете се токму со такви луѓе. Тоа значи дека ќе треба да се менувате и себе, но целиот тој напор не е ништо во споредба со она што можете да го добиете. Винс Ломбарди еднаш рекол: “Самодовербата е заразна, исто како и недостатокот од истата”.

Ако вашиот проблем се наоѓа во малата самодоверба, самоуверените луѓе ќе ви помогнат да ја зголемите. Ако вашиот проблем лежи во плашливоста, храбрите луѓе ќе внесат малку повеќе храброст во вашиот живот. Ако вашиот проблем лежи во недостаток од иницијативи, проактивните луѓе ќе го променат вашиот пристап кон стварноста. Вие се претворате во луѓето со кои највеќе поминувате време.

 

5. Обрнете внимание на деталите

За да направите милијарда долари од некоја ваша луда идеа, не е потребна само опседноста, туку и деталите. Обрнете внимание на нив. Ниеден детал не е толку мал за да не го добие вашето внимание. Внимавајте на комплетната слика. Не дозволувајте да ви се провлече ниту една ситница што нема да одговара на вашата целна група, амбиентот и нивото кое е “природна средина” за вашиот производ или вашата услуга. Компаниите, особени во раните фази на нивното градење, не успеваат токму поради тоа што тие пропуштиле некои детали и не ја виделе комплетната слика.

 

6. Не мора да знаете сè – не ни можете да знаете сè!

Се чини дека милијардерот е некој што е господар во сè. Но, во суштина, тие се специјалисти во една или неколку области и просечни или секундарни во сè друго. Значи, како тие успеале толку многу? Тие го прават она што го прават најдобро и ги користат другите да го направат остатокот. Тие користат OPM (other’s people money) (париte на другите луѓе),  за повеќето или за сите нивни проекти.

 

7. Размислувајте и анализирајте

Иако тоа не е типично за американскиот начин на работење, размислувајте и поминувајте повеќе време во анализирање на работите. Колку повеќе читате и размислувате, толку помалку импулсивни одлуки ќе донесете, што е клучно за успешна работа.

 

8. Ризикувајте

Ова е уште една од оние успешни навики кои секој претприемач може да ја потврди. Entreprenuer.com создаде одлична инфографика која ги истакнува сличностите на светските милијардери и една од најистакнатите е оваа карактеристика: милијардер не се плаши ризик. Тие се подготвени да ги ризикуваат своите најскапоцени средства (нивното име и наследство) за нови и похрабри проекти. Ако не преземате ризици, не правите потези!

 

9. Не обрнувајте внимание на другите. Научете да бидете цврст. Вие знаете кои сте!

Колку е поголема се издигнувате, толку ќе биде и поголем бројот на луѓе кои ќе ве мразат и ќе ви завидуваат.  Секако, и нивните напади ќе бидат поостри. Ова е основната вистина за секој милијардер, буквално гледајќи илјадници луѓе како фрлаат навреди кон нив (без влијание). Развивањето на “непропустлив начин на размислување” е критично. Првата дама Мишел Обама вели: “Никогаш не дозволувајте она што некој друг го вели за вас, да ви го одвлекува вниманието од вашите цели. И така, кога слушам за негативни и лажни коментари, јас навистина не вложувам никаква енергија во нив, бидејќи знам која сум јас “.

 

10. Направете бренд од вашата компанија

Со фокусирањето во една страст , всушност вие можете да бидете поиновативни во таа работа или област. Подлабокото развирање што го стекнувате со една работа отвора креативни нови идеи.  Како што споменавме претходно, милијардерите не мора да бидат големи во многу нешта, но тие се проклето добри во (барем) една работа.

 

11. Секогаш развивајте ја вашата мрежа

Развивање на односи со влијателни луѓе ќе ви даде насоки за донесување одлуки и решавање на проблемите. Кога ќе се поврзете со овие лица, може да се потпрете на поголема мудрост која ќе ви помогне да ги решите вашите проблеми. Бидете свесни за развој и негување на односи со повеќе луѓе. Прилагодете се.

 

12. Бидете пребирливи, бидете немилосрдни – Стив Џобс

“Пребирливи” и “немилосрдни”. Така ги опишуваат милијардерите. Тие не дозволуваат препреки или замки кои ќе ги спречат од остварување на своите цели. Само затоа што не сте успеале 100 пати, не значи дека не можете да успеете на 101-от обид. Клучот не е само да се има стомак за неуспех, туку да има сила и да се соочи со она што се чувствува како бескрајна количина на отпор … и сеуште се движи напред. Победникот е само губитник кој се обидел повеќе пати.