Најубавата жена на светот | Trendseteri
Menu

Најубавата жена на светот

Бела Хадид тргната од тронот. Џоу Чу Ју е најубавата жена на светот!

Неодамна според истражувањето на научниците, манекенката Бела Хадид беше прогласена за најубава жена на светот.

Бела така, според анализите на групи научници кои се занимаваат и со најситни детали, е прогласена за најубава жена на светот, со совршено пропорционално лице.

Пропорциите на нејзиното лице со 94,35 проценти одговараат на „златниот пресек“, односно златни пропорции, мерка која претставува физичко совршенство.

Нејзините очи, веѓи, носот, усните, образите, јаболчници и обликот на лицето се речиси совршени според сфаќањето на убавината кај старите Грци.

Меѓутоа, според традиционалната листа на TC Candler, Бела не се нашла на оваа листа.

На оваа листа во главно има имиња кои се помалку познати, а листата претставува избор на најразлични убавици.

Така, на оваа листа, поточно на првото место се нашла 20-годишната пејачка, членка на групата „Twice“, Џоу Чу Ју, која е популарна во Јужна Кореја, а победила благодарение на гласовите на фановите.

На приложената видео снимка можете да ги погледнете 100-те најубави жени според гласањето на TC Candler.