"Тројката" ја освои модната сцена | Trendseteri
Menu

“Тројката” ја освои модната сцена

Оваа трендсетерска тројка ќе ве освои и инспирира

Во светот на модата, каде сме веќе преплавени од модни блогерки и инфлуенсери, ретко да видиме некој профил што навистина ќе ни го привлече вниманието. Но профилот thetripletsss навистина не воодушеви, а веруваме дека истото ќе ви се случи и вам сега.

Ако до сега ви беше чудно доколку видите близначки како исто се облекуваат, веројатно оваа персиска “тројка” ќе ве изненади уште повеќе. Имено, се работи за сестрите Елназ, Таназ и Голназ по потекло од Иран кои се преселуваат во Лондон да студираат дизајн и архитектура. 

Целиот нивни живот се облекувале идентично, но денес од тоа си направиле свој бренд. И тоа навистина успешен. Освен нивниот профил на инстаграм кој брои скоро 300 000 следачи, тренди сестрите се дел од големата инфлуенсер заедница Our Social Collective, а имаат и свој бренд за накит насловен како By The Tripletsss.

Oваа модна тројка ќе ве освои и инспирира сите вас, љубители на модата. Што се однесува до нас, ние сме веќе освоени.