Трендсетерките обожаваат неспојливи комбинации | Trendseteri
Menu

Трендсетерките обожаваат неспојливи комбинации

Дајте си малку слобода и обидете се да комбинирате некои неспојливи парчиња облека

 

Мислите дека ќе изгледате смешно ако носите комбинации кои се “неспојливи”? Судејќи по модните streetstyle фотографии во најголемите европски модни престолнини, впечатливите и шарени “неспојливи” аутфити, се водечки трендови оваа сезона.

Светски познатите трендсетерки, модни блогерки и стилистки ги комбинираа принтовите на многу интересен начин и претставуваат вистинска инспирација да уште еднаш ѕирнете во гардероберот и да направите спој на парчињата облека за кои не сте ни сонувале дека еден ден ќе ги носите.

Бидете храбри. Дајте си малку слобода и обидете се да комбинирате некои неспојливи парчиња облека, дури иако малку погрешите во тоа. Единствено правило е дека нема правила.