Трендсетери ве наградува | Trendseteri
Menu

Трендсетери ве наградува


Сподели и добиј 2 комплета за заштита од сонце

 

Сподели и добиј ти и еден твој пријател комплет „BlackUp“ за заштита од сонце.

Се доделуваат 3 х 2 комплета!

Услови за учество:

  1. Сподели ја јавно објавата за наградната игра од нашиот Facebook профил и означи еден/а твој/а пријател/ка кој/а исто така би добил/а еден комплет.
  2. Стисни „like“ на објавата
  3. Задолжително треба да сте фан од фанпеџот на trendseteri на Facebook

Извлекувањето ќе биде на 25. јули 2019

Ова се производите кои по случајно извлекување може да бидат ваши:

*Напомена! Наградната игра е во иницјатива на trendseteri.com. Производителот на наградите нема учество во истата!

 


КРЕМ ЗА СОНЧАЊЕ ЛИЦЕ BLACK UP, СПФ 30
50 ML

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Де-пантенол и на екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри, кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин да ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар  дејства и е особено препорачлив за чувствителна кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Де-пантенол, кој е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, кој има големо антиоксидативно дејство.

  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќепати во текот на денот.



MАСЛО ЗА СОНЧАЊЕ BLACK UP СПФ 6 150 ML

Black up масло за сончање 6 СПФ

Вградените филтри овозможуваат ниска заштита (СПФ 6) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците, а неговите дополнителни состојки, како на пример каротенското масло, ѝ ја овозможуваат потребната нега на кожата во текот на сончањето.

Содржи масло од морков, кое е богато со β-каротен, со витамини А и Е и со провитамин А.

Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.

Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.

  • Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен, чија кожа не е лесно подложна на изгореници.
  • Водоотпорен.

 Начин на употреба: Маслото се нанесува повеќепати во текот на сончањето.



ГЕЛ ЗА ПО СОНЧАЊЕ BLACK UP СО РАЗЛАДУВАЧКИ ЕФЕКТ СО МЕНТОЛ И СО ЕКСТРАКТ ОД АЛОЕ ВЕРА И ОД ОВЕС 150 ML

 

Ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.

Ментолот претставува монотерпен, за кој е утврдено дека дејствува врз нервните завршоци со активација на протеинот TRPM8, познат како рецептор за ладно, и на тој начин обезбедува пријатно чувство на ладење по нанесувањето.

Екстрактот од овес содржи бета-глукан, кој создава тенок филм на кожата и истовремено продира во нејзините долни слоеви, каде што ја дава потребната влажност, а протеините што ги содржи го одржуваат нејзиниот природен изглед.

Екстрактот од алое вера е богат извор на витамини (А, Б6, Ц, Е) и на минерали (Mg, Zn, Na, Cu, K), кои го стимулираат формирањето колаген и со тоа ја обновуваат оштетената кожа.

  • Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: се нанесува во тенок слој, рамномерно, на чиста и сува кожа, по сончањето. Доколку е потребно, постапката може да се повтори.