Frizerski salon "Popeye" | Trendseteri
Menu

Trendseter – Popeye

cover

Место каде што косата не е само нешто за кратење

 

Има фризерски салони, берберници и „Popeye“. Во необичниот фризерски салон, кој сами го нарекуваат „берберница“, има повеќе отколку само класично кратење на коса. Поред тоа што ви се нуди долгогодишно искуство за вашата коса од страна на тимот на „Popeye“ на чело со Хусеин Хуска, добивате и многубројни додатни третмани како н.п. маска за лице за нега на кожата и актуелната црна маска. Најмалите без страв и со радост се постојани муштерии.

Во многу пријатен амбиент со модерен интериер и врвни алатки, може да релаксирате и уживате барем тој половина час од денот и да се тргнете од секојдневното сивило.  Во салонот, секој муштерија си добива посебен третман. Тука може навистина да се каже…муштеријата е на прво место.

Начинот на работење се одвојува од сите фризерски салони и берберници во Скопје. Тоа е докажано со фактот, што не можете без предходно закажување да добиете слободен термин.  Посетете ги дечките во ТЦ Беверли во Капиштец и отценете сами. Од нас дечките од „Popeye“ заслужено го добиваат…градски „TRENDSETERI“.