Парчиња што ќе ги носите со години | Trendseteri
Menu

Трендовите се менуваат, добриот стил е вечен

Парчиња што ќе ги носите со години


За да изгледате модерно и тренди, не е потребно да ги следите баш сите трендови што ќе се појават, туку да вашиот гардеробер содржи парчиња кои лесно се вклопуваат со остатокот на облека. Со овие парчиња не можете да згрешите – секогаш ќе бидете во тренд.

 

Маичка со принт

 

Како некои жени изгледаат феноменално во наједноставни фармерки и маичка со принт? Тоа е изглед кој вреди да се ископира. Едноставноста е сама по себе привлечна, па кога ќе изберете добар принт на маицата, ефектот е постигнат.


Впечатливи обетки  

 

Елегантните обетки се вонвременско парче кое секогаш ќе ви биде од корист. Секоја елегантна комбинација заслужува да биде заокружена со впечатливи обетки.


Ролка

 

Во студените месеци ролката е парче кое успешно ќе ги замени сите елегантни кошули. Совршена е за слоевити комбинации, но и со едноставни фармерки и добар капут.


Капут во окер боја

 

Блејзер или капут во окер нијанса е идеален за сите комбинации, а притоа изгледа луксузно.


Црвена чанта

 

Знаеме дека црната е класика, но црвената чанта ќе ја разбие секоја монотона комбинација и ќе ја претвори и најобичната комбинација во стајлинг кој е вреден за внимание.


Класични фармерки

 

Се прашувате зошто? Бидејќи се вечни! Пронајдете пар кои совршено ќе ви одговара и ќе имате дневни комбинации и кога ќе немате воопшто инспирација што да облечете.


Бели патики

 

Суперудобни, суперелегантни и stylish. Со белите патики нема утка.


Класична кошула

 

Кошулата е парче која се смета за класична елеганција и никогаш не можете да погрешите со неа. Во комбинација со фармерки, пантолони или здолниште – сеедно. Дамите со стил знаат најдобро за моќта на добрата кошула.