Пролет 2021 | Trendseteri
Menu

Пролет 2021

Модни трендови за пролет 2021 што можете да ги носите и сега


Сигурно мислите дека е премногу рано за да разговараме за пролетните трендови, но се лажете, бидејќи модата е секогаш да бидете барем еден чекор пред актуелната сезона. Токму затоа и сите модерни девојки веќе ги подготвуваат своите омилени модни комбинации за убавото време.

Ако сакате и вие да бидете подготвени за топлите пролетни зраци сонце, ова се шест тренда кои морате да ги знаете, а поголемиот дел од нив можете да ги носите уште сега.



Темен тексас

Кога ќе пристигне пролетта скоро сите облекуваат силни и светли бои, но тоа нема да биде случајот и со фармерките. Во новата сезона ќе се носат темни нијанси, па дури и во црна боја.



Откачени мантили

Класичните мантили во новата сезона малку ќе „откачат“ и ќе бидат украсени со карнери и други интересни и невообичаени детали.



Сатен

Нежната ткаенина ќе доминира во сезоната која ни следува, а најдобро изгледа на женствените фустани и софистицираните блузи.



Ориентален принт

Најпопуларниот пролетен принт добива ориентална трансформација и оваа сезона ќе се носат цветни парчиња облека инспирирани од Блискиот Исток.



Голи рамена

Овој тренд е апсолутен хит веќе неколку сезони, модните трендсетерки, актерките и пејачките веќе го обожаваат а не се сомневаме дека и вие исто така. Не се двоумете, наместо тоа побрзајте да го вклопите во вашиот секојдневен стил.



Пастелни нијанси

На бебешко розовата оваа пролет ѝ се придружуваат и сите останати пастелни нијанси, а најпопуларна ќе биде виолетовата, која е најавена како хит боја за 2018-та година.