Сандали кои секоја жена мора да ги има | Trendseteri
Menu

Сандали кои секоја жена мора да ги има

Трендот кој стана актуелен минатата година продолжува да владее на сцената

 

Пролетта се приближува и време е да се опремите со тренди парчина на време. Модните дизајнери веќе ги претставија пролетните колекции и ги издвоија моделите кои ќе бидат актуелни.

Сандалите се секогаш “ин”, но овие модели ќе бидат апсолутен хит оваа пролет.

Папучи-сандали

 

Вртоглаво високи потпетици повеќе не се во тренд. Средната висина е најпосакувана, а четвртастите модели се оние кои се најдоа на врвот на модните листи.

Овие модели беа најпосакувани минатата година, а така ќе биде и оваа пролет. Ниту еден стајлинг нема да помине без овие сандали.

Сандали со многу кожни ремени

 

Втори на листата се сандалите со многу кожни ремени – исто така со средна висина на потпетици. Овој модел е идеален за вечерни прилики, додека оние четвртастите можат да се носат и во текот на денот.