Тренди нијанси на лакови за нокти | Trendseteri
Menu

Тренди нијанси на лакови за нокти

Нијанси на лакови за нокти кои ќе доминираат

Новата сезона носи нови трендови. Покрај облеката и обувките, денес ќе ви ги претставиме трендовите кои оваа сезона ќе доминираат кога станува збор за лаковите за нокти. Доколку ви падна на памет трулата вишна, само да ве израдуваме дека да, и оваа сезона е во тренд.

1. Трула вишна

Оваа жешка нијанса никогаш не излегува од мода. Темните нијанси се секогаш тренди во ладните денови.

2. Беж

За сите вие кои преферирате светли нијанси, варијантите на беж се вистинскиот избор за вас. Ќе изгледате дискренто, пристојно а истовремено и женствено.

Природните жени се најубави

3. Маслинеста зелена

Оваа нијанса на зелена боја зрачи со елеганција. Совршено се вклопува со златните нијанси.

4. Виолетова

Идеален за оние што ги сакаат топлите и впечатливи бои. Комбинирајте ја во тон со облеката и ќе се изненадите од самите себе.

5. Млечна боја

Едноставна и природна боја која им дава свежина на вашите нокти, а е идеална и за свечени и за секодневни прилики. Како и сите светли и прозирни слоеви, млечната боја мора вешто да ја нанесете на неколку тенки слоеви, обично 2-3 пати.