3 модели патики кои ќе бидат апсолутен хит во 2019 | Trendseteri
Menu

3 модели патики кои ќе бидат апсолутен хит во 2019

Модните блогерки одбраа кои патики ќе ја обележат оваа година

 

Ако 2018 година ја обележа тренд на грди, предимензионирани патики, што ли не чека оваа година?
 
На прво место се секако класичните, рамни и безвременски бели патики кои ни доаѓаат во освежено издание. Подебелиот ѓон продолжи да се провлекува од сезона во сезона, а очекуваме дека и оваа пролет ќе биде тука да ги заокружи голем број аутфити.

 

Оние кои повеќе се разбираат од мода, се повеќе се определуваат за патики кои се предвидени за трчање, затоа што гарантираат удобност, но и со малку стил супер се комбинираат и со фармерки и здолништа.
 
Сепак гломазните патики нема толку лесно да се симнат од тронот, така сите модели од тој тип се добредојдени и во 2019 година. Тоа го докажуваат и „Chance the Rapper“, „Rita Ora“ и „Ariana Grande“ на јавните настапи.

 

Гучи е повторно ѕвезда водилка кога се во прашање патики инспирирани од оние наменети за планинарења. Блогерките веќе откриваат и нудат исклучително квалитетни решенија за комбинирање на овие предмети, па би можеле да се инспирирате од нивните избори.

Photo: instagram/natalia kura – getty images –