Тренд парчиња за оваа есен | Trendseteri
Menu

Тренд парчиња за оваа есен

Тренди есенски парчиња облека кои сигурно ги имате


Кога станува збор за мода, особено за најновите трендови, ништо не може да го надмине Инстаграм. Инфлуенсерките секојдневно ни сервираат нови трендови, што ние понекогаш ги прифаќаме дури и без да размислиме, бидејќи изгледаат едноставно беспрекорно. Па, ако и вие сте љубители на оваа социјална мрежа, како и на модата, тогаш погледнете ги следниве неколку трендови што веќе сите инфлуенсерки ги испробаа на улиците од својот град.


Комбинезони

Изгледа дека комбинезоните веќе не спаѓаат само во летните и свечените униформи. Тие пристигнаа и во есенско издание, а можете да ги пронајдете во различни материјали, модели и бои.


Долг фустан со шлиц

Ова познато дизајнерско парче облека заживеа во уличните верзии, а можеше да се види буквално на сите Модни недели ширум светот во најразлични комбинации.


Тесни хеланки

Хеланките веќе некое време доминираат со светот на модата, но изгледа дека оваа есен токму оној модел што е познат како „хеланки за велосипед“ е тој што освои најмногу срца на Инстаграм.


Животински принт

Покрај карираниот, животинскиот принт е најголемиот хит за оваа сезона. Моделите инспирирани од животинска кожа и од крзно се наоѓаат на секој чекор, а вие нема да згрешите ни ако ги комбинирате со силни бои или други принтови.


Каубојски чизми

Дури и манекенката Кендал Џенер го прифати овој тренд. Покрај моделите во силни бои, што изгледаат како голем хит есенва, овие чизми можат да се носат и со посуптилни тонови со цел да се комбинираат со повеќе парчиња облека.