Тренд Гастро Бар – Најголемиот угостителски објект во Македонија | Trendseteri
Menu

Тренд Гастро Бар – Најголемиот угостителски објект во Македонија

Тренд Гастро Бар – Најголемиот угостителски објект во Македонија

 

 

Доколку сакате да бидете дел во прекрасниот амбиент, во удобна и модерна атмосфера, да пиете кафе или коктел со вашите пријатели, или да уживате во квалитетно приготвената храна и слатките десерти со вашето семејство – Тренд Гастро Бар е вистинскиот избор за вас.

Новиот објект на “Тренд”, уреден по светски стандарди, препознатлив по удобност и модерен ентериер, има капацитет од 160 маси односно 800 луѓе и сопствен паркинг за вашите возила. Како што и самото име ни кажува, “Gastro Bar” претставува концепт кој ја освежува и одново дефинира кафе-културата преку концентрација на високо квалитетна кујна и ново, внимателно осмислено мени.

Овој локал ви нуди најголем избор на кафиња и коктели за сечиј вкус направени од врвни професионалци, кујна по сите светски стандарди од каде излегува свежо приготвена храна и врвни специјалитети , додека пицата се приготвува на дрво-печки и се внимава на детали до последната користена состојка!

Исто така тие се препознатливи по нивната “Слатка Куќа”, која ги нуди најубавите десерти направени по рецепт од познатите слаткарки. Почувствувајте го оригиналниот вкус на високо квалитетниот “trendisimo” сладолед со голем избор на вкусови, кој се прави во самиот објект од врвниот долгогодишен мајстор Вито, кој користи исклучително свежо млеко и оригинални слатки состојки.

Повелете во Тренд Гастро Бар во населбата Аеродром во Скопје.

Телефон за резервации: 070/263-881