Тренд чевли за 2021 год. | Trendseteri
Menu

Тренд чевли за 2021 год.

Овие чевли се топ моделите кои ќе ги носиме веќе на пролет



Балетанки, мокасинки и сè што е удобно!

Одамна се поминати деновите кога барањето да се носи нешто во тренд водеше само кон неудобни модели. За среќа, времињата се сменети, и сега сè поголем акцент се става на удобноста и пријатноста. Токму затоа и овие видови чевли владеат со модните топ листи за оваа гина. Сигурни сме дека секоја од вас ќе го пронајде својот нов омилен модел, бидејќи има по нешто за секој!


Kitten Heels т.е. мачкини потпетици

Овие потпетици се толку блиску до земјата, што ќе се чувствувате како да одите во балетанки. Но внивајте да не се во силни и упадливи бои. Тие делуваат повеќе на кич.


Лоферки т.е. мокасинки

Овој модел беше најпопуларен во 1980тите, и сега повторно се враќа на модната сцена. Одберете ги оние со форма на бадем доколку сакате да изгледате ретро. Дали во фустан, со фармерки или панталони. Тие одговараат на сè.


Балетанки

Постојат многу модели на обувки што се совршени за пролетта, но изгледа дека никој не може да им одолее на балетанките. Бидејќи се удобни и практични, тие се погодни за секоја пригода. 


Чевли со упадливи апликации

Дали со шнолички или кристални апликации. Сите чевли со вакви додатоци се уникатни. Но оваа година е синџирчето на чевлите апсолутен тренд.