Свежи тренд бои за студените денови | Trendseteri
Menu

Свежи тренд бои за студените денови

Погледнете кои бои ги освојуваат трендовите во овој период од годината

Сосема погрешно е верувањето дека треба да ја поврзуваме зимата само со ладни тонови. Постојат неколку топли и неутрални нијанси коишто се идеални за студените денови, и кои веќе ја надминаа популарноста дури и на црната боја. Некои од нив веќе беа забележани на модните комбинации на големи имиња, како Бела Хадид и Џенифер Лопез.


Портокаловата боја

Оваа боја гарантира луксузен изглед, особено за секојдневните зимски настани. Таа истовремено е и топла и драматична, но и заводлива. Едноставна е за комбинирање и се согласува со голем број други нијанси, притоа давајќи ви простор да бидете креативни.


Црвената боја

Оваа боја е најголемиот фаворит за сите годишни времиња, но најмногу се забележува во зимата. Таа е неутрална и класична, и одлично оди со светлите нијанси што ќе ја освежат.


Сината боја

Ако изберете џемпер со убава сина боја, не само што ќе си ги одморате сопствените очи, туку ќе му дадете свежина и на вашето лице. Зарем има подобра комбинација за долгите, зимски работни денови?


Коралната боја

Оваа боја е одлична за освежување на еднобојниот стил, особено во студените месеци. Поради своите специфични нијанси, вие со неа во секој зимски ден ќе додадете мала доза лето.