Тоше Зафиров го освои 4-тото место на светското ибфф првенство во Шпанија | Trendseteri
Menu

Тоше Зафиров го освои 4-тото место на светското ибфф првенство во Шпанија

Тоше Зафиров го крена македонското знаме на светското ИБФФ првенство во Шпанија

 

 

Најдобриот македонски бодибилдер Тоше Зафиров го освои 4-тото место на светското ИБФФ првенство, кое се одржа во Картахена, Шпанија, каде што настапија повеќе од 300 натпреварувачи од 40 земји.

“Ова е едно големо искуство за мене, јас сум првиот натпреварувач од Македонија што се натпреварувал на ИБФФ професионалци. Ја извадив најдобрата форма до сега и сите судии и многу од натпреварувачите дојдоа на крај да ми честитаат. Горд сум на себе, горд сум што со мојот успех ја претставив Македонија пред светот”- изјави Тоше Зафиров за Трендсетери.