Нашиот Ангел вечно ќе живее | Trendseteri
Menu

Нашиот Ангел вечно ќе живее

Извлечете поука од животот на Тоше

 

На денешен ден пред 27 години, во Крушево се роди нашиот Тоше. Човек, од кој што треба да учиме и да вадиме поуки. Човек со огромно срце полно со љубов. Поред неговиот единствен глас и стил, беше хуман, беше човек. Се паметат неговите хумани концерти. Се памети гестот во Сараево, каде што отстапи од хонорарот за одржаниот концерт, за да се поправи кровот од салата кај што настапуваше.

Но исто така, неодамна се навршија десет години од смртта на Тоше, од смртта кога ангелот замина кај ангелите. Навршија, и превршија. И после десет години ретки се луѓето кои секојдневно се будат со песната на Тоше, а уште помал е бројот на оние кои ги почитуваат моралните вредности кои тоше ги постави како темел на еден нормален народ.

Сите го имате погледмато последното интервју на Тоше во вртелешка. Последното интервју беше почеток на една болка која ќе боли секој шеснаесетти Октомври. Зар смртта на Тоше не ве научи дека животот е премногу краток за да за да го трошите времето на не важни работи?  Зар смртта на Тоше не ве научи дека самите не си го почитуваме тоа што го имаме.

Поминаа месеци, а помина и една деценија која го потврди нашиот мал менталитет и нашите мисли кои скитаат таму каде што ќе материјалното се смешка со златна вилица.

Убаво е да си амбициозен, посветен, талентиран. На кое место во вашата глава се наоѓаат мислите за малку слобода од трката за кариера? Сигурн се ставени на чекање, сигурни се затрупани со грижите за тоа дали ќе стигнеме да ги завршиме задолженијата на време. А, сте се запрашале ли дали ќе имате време за вашите ситни радости? За да ги воспитате веќе пораснатите деца, за прекрасен ден за кој сте сонувале во миговите кога очите се затвораат од замор.

И после се, и после милиони прегледи на последното интервју на Тоше, сеуште главна преокупација е достигнување на не достигнатото, трчање кон материјални добра кои секогаш ни се малку.

Иако најомилената од неговите песни му беше тајно моја, слушнете ја „Цреша“. Слушајте го текстот и извадете поука. Вечна му Слава!