Топ трендови за стилски жени | Trendseteri
Menu

Трендови за жени со стил

Со нив нема да останете незабележани

 

Со претставувањето на најновите колекции за пролет/лето 2020 на модните ревии и светските модни престолнини веќе ни е станува јасно какви парчиња ќе бидат апсолутен хит за сезоната која ни престои.

Едно е сигурно – со нив нема да останете незабележани!

 

Тренерка во гламурозен стил

 

Се чини дека е време да го избришеме тоа од главата дека тренерката е само за спортски стил. Сега веќе се носат и погламурозни модели кои изгледаат елегантно и луксузно кога ќе се спојат со добри штикли и елегантна чанта.

Одело и високи чизми

 

Капути и јакни со крагни од крзно

 

Класика која ја обожаваме и која секогаш се враќа во мода!

Неутрални тонови

 

Веднаш штом ги видиме првите зраци на пролетното сонце и температурата порасне, имаме желба да склопиме неодоливи впечатливи тонови но сепак, оваа пролет најмногу ќе се носат неутралните нијанси на бела, беж и светлосива боја.

Впечатливи чанти

 

Колку е понеутрална облеката, толку пооткачена може да биде чантата. Впечатливите и ефектни чанти ќе бидат апсолутен хит во пролет.

Кожни парчиња

 

Не е важно дали е во прашање здолниште, панталони или бермуди, кожата ќе биде во тренд оваа пролет. Едно ефектно парче е доволно да ја направи целата комбинација впечатлива.

Венче за коса

 

Доколку од било која причина не носите впечатлива чанта, нејзината улога нека ја замени венчето. И тука важи правилото – што повпечатливо, тоа подобро!