Топ 9 најдобри модни брендови за 2019 | Trendseteri
Menu

Топ 9 најдобри модни брендови за 2019

Излезе листата на најпопуларни и најдобри модни брендови

 

Консултанската куќа Интербренд ја објави листата на најпопуларните и највлијателните модни светски брендови за 2019.

Листата открива дека втора година по ред модата и луксузот го претставуваат најбрзорастечкиот сектор, со просечен раст од 11%, повеќе и од технологијата.

На врвот на оваа листа, како најсилен и најпопуларен луксузен бренд, се наоѓа Louis Vuitton, со вредност од 32.223 милијарди долари и со раст од 14% во однос на минатата година.

Gucci важи за најбрзорастечки моден бренд во светот, со стапка од 23% во однос на минатата годинa

 

1.“Louis Vuitton” – Најлуксузниот моден бренд со вредност од 32.223 милијарди долари со раст од 14%

2. “Chanel” – Вредноста на овој бренд се проценува на 22.2 милијарди долари со годишен раст од 11%

3. “Hermes” – Овој моден бренд вреди 18 милијарди долари со раст од 9%

4. “Gucci” – Најбрзорастечкиот бренд што бележи раст од 23% се проценува на 15.9 милијарди долари

5.  “Cartier” – Со годишен раст од 7% овој моден бренд вреди речиси 8.2 милијарди долари

6. “Dior” – Со раст од 16% овој бренд се проценува на 6 милијарди долари

7. “Tiffany & Co” – Проценета вредност 5.335 милијарди долари, бележи пад од 5% од минатата година

8. “Burberry” – Овој моден бренд вреди 5.2 милијарди долари со годишен раст од 4%

9. “Prada” – Проценет на вредност од 4.78 милијарди долари