Фатален за жените | Trendseteri
Menu

Фатален за жените

Го викаат британскиот Marlon Brando

 

Лошото момче од Холивуд се смета за еден од најубавите актери во моментов. Освен што е докажано одличен глумец , тој е и најсексипилниот маж на филмското платно.

Британецот Tom Hardy е роден на 15ти септември 1977година во Лондон.Значаен напредок во кариерата му придонесуваат филмовите од 2008 година „Rock N Rolla“ и „Bronson“. Освен што за улогата таа година добива Британска независна филмска награда, тој ги свртува погледите кон себе со актерскиот талент. Од тогаш му тргнува кариерата по нагорна линија. Во 2011 година ја освојува “BAFTA” наградата за идна ѕвезда.

Tom Hardy бил зависник од алкохол и дрога ама од 2003 година во потполност апстинира. Лошото момче од Холивуд отсекогаш бил фатален за жените, тој од 1999година до 2004 бил во брак со Сара Ворд, а има 10 годишен син Луис од врската со девојката Рејчел Спид. Во 2014 се оженил со Шарлот Рајли, а во октомври 2015 го добиле првото заедничко дете.

Погледнете го трејлерот за неговиот најнов филм: