20 години од “Титаник”: му предвидувале фијаско, а освои 11 оскари и милиони долари | Trendseteri
Menu

20 години од “Титаник”: му предвидувале фијаско, а освои 11 оскари и милиони долари

“Титаник” го прославува 20-годишниот роденден

 

 

 

Со приказната за прекината младост и возвишена љубов, култниот филм “Титаник” ги воодушевува младите генерации и после 20 години од неговото снимање.

Во вторник (19.12.) “Титаник” обележува две децении од неготово прво емитување на филмското платно, кога гледачите за прв пат имаа можност да ги видат Леонардо Ди Каприо и Кејт Винслет во улогите на Џек и Роуз. 

Годишнината се обележува со прикажување на филмот низ цела Америка, а гледачите и понатаму тагуваат за судбината на двајцата млади љубовници, кои денес се оскаровци од холивудската А листа.

Приказната за Титаник има вонвременски квалитет. Најверојатно живее надвор од нашето секојдневие и тоа не фасцинира – изјави режисерот Џејмс Камерон.

Роуз и Џек се фиктивни ликови во драматизација на најпознатиот потонат брод во ледените води на Северниот Атлантик во 1912 година. “Титаник” влезе во филмската историја со освоени 11 оскари, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм и режија. Со заработка од 2.2 милијарди долари, беше најуспешен филм на сите времиња, додека не излезе филмот “Аватар” во 2009 година, повторно во режија на Џејмс Камерон.

Иако трае дури 195 минути, филмот доби брилијантни критики, а насловната песна “My Heart Will Go On” и донесе глобален успех на Селин Дион.

По овој повод, Селин Дион повторно го изведе својот најпознат хит „My Heart Will Go On“ на сцената на Billboard Music Awards.

49-годишната пејачка ја врати публиката во 90-тите и ги потсети на романсата на Џек и Роуз , исполнувајќи ја емотивната песна. Додека Дион пееше, во позадина течеa сцени од легендарниот филм.

-Горд сум што создадовме нешто што има вонвременски квалитет. Со голема почит спрема Кејт и Лео, кои се мои добри пријатели, тие веќе не се Кејт и Лео, туку Роуз и Џек. И ќе бидат засекогаш – додаде Џејмс Камерон.