Тирамису - оригинален рецепт | Trendseteri
Menu

Тирамису – оригинален рецепт

Во пресрет на празниците

 

Потребни состојки:

4 јајца

500 гр. маскарпоне

80 гр. шеќер во прав

250 гр. пишкоти

200 мл. јако и благо кафе

100 мл. амарето ликер

100 гр. какао за декорација

Начин на подготовка

 

Одвојте ги жолчките од белките. Во жолчките додајте многу малку сол и шеќерот и матете додека смесата не се запени и не побели. Додадете во смесата маскарпоне и помешајте се заедно додека не стане компактна – по можност матете со рачна мешалка. Во друг сад изматете ги белките повторно со додавање на прстофат сол. Штом пената стане компактна престанете со мешањето. Потоа нежно помешајте ги двете смеси

Во поголем сад помешајте ги оладеното кафе и амарето ликерот. Пишкотите ставајте ги во мешавината на неколку секунди и редете ги во друг сад  (внимавајте да не ви се распаднат). Откако ќе го прекриете дното, премачкајте со кремот и повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите состојките.

За крај ставете какао во мало сито и распрскајте по целата површина на кремот. Слободно ставете повеќе какао за тоа што тоа идеално го изедначнува тирамисуто.

Ставете го колачот во фрижидер да се олади. Чекајте до следниот ден, бидејќи е повкусно. Се разбира ако можете толку долго да чекате.