Тијана Дапчевиќ ќе биде дел од шоуто “Твоје лице звучи познато”
Македонската поп пејачка Тијана Дапчевиќ, со интересно видео го најави своето учество во популарното шоу “Твоето лице звучи познато”. Тијана имитирајќи ја Лепа Брена објави дека оваа година ќе учествува во шоуто. Во претходните сезони многу медиуми шпекулираа со нејзино учество како претставник од Македонија но наместо Тијана учествуваа Елена Ристеска и Даниел Кајмакоски.