Тифани Трамп - Ќерката на Доналд Трамп | Trendseteri
Menu

Тифани Трамп – Ќерката на Доналд Трамп

Запознајте ја помладата ќерка на Доналд Трамп

 

Тифани Трамп, помладата ќерка, крстена по најпознатата продавница за накит “Tiffany & Co” која се наоѓа во кулите Trump Tower изградени од Трамп е плод од љубовта помеѓу Доналд и Марла Мејплс.

Нејзиниот татко Доналд своевремено ја изневерил својата прва сопруга Ивана Трамп, со мајката на Тифани, Марла, а кога Ивана дознала за неверството побарала развод. Сепак бракот на Марла и Доналд не траел долго, а бизнисменот за брзо време по трепат се оженил и тоа со 30 години помладата Словенка, манекенката Меланија Кнаус со кој го има седумгодишниот син Барон.

Доналд е многу горд на Тифани, која е прва во генерацијата на Универзитетот во Пенсилванија и вели дека е вистински победник како него. Сепак, 23-годишната Тифани сака и да се забавува, таа е една од оние омразени „Богати деца на Инстаграм“ и има пејачки амбиции.

Судејќи според по фотографиите на социјалните мрежи, Тифани ужива во богатството на својот татко и не се оптоварува себе си со бизнис планови за градење на своја бизнис империја. Таа е чест гостин на модните ревии, обожува да купува дизајнирана облека, луксузни патувања и луди забави. Беше практикант во „Вог“ и сака да се изразува само литературно, за што често ја задеваат и велат дека зборува како аристократка од педесеттите години.