Новиот спот на Теа Трајковска за "Рушевини" | Trendseteri
Menu

Новиот спот на Теа Трајковска и Панчо за песната “Рушевини” го запали интернетот

Новиот спот на Теа Трајковска и Панчо за песната “Рушевини” го запали интернетот

 

Младата Теа е моментално најатрактивната пејачка во Македонија. Со нејзиниот едноставен но страшно провокативен стил остава многу дечки со отворена уста да зјапаат по неа.

По дипломирањето на Музичката академија, младата и  пејачка Теа Трајковска одлучи комплетно да ѝ се посвети на музичката кариера. По „Ехо“, „Доста глумиме“, „Можеш ли без мене“, „Ми треба малку време“, следува одличната „Рушевини“ за која се снимаше и спот во соработка со „Томато продукција“.

Текстот на песната е на Теа и Панчо, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. Ова е прва соработка меѓу Теа и Панчо, а резултатот останува да го слушнете сами. Со „Рушевини“ Теа го најавува и својот прв албум кој треба да излезе оваа 2017 година.

За време на снимањето во студиото Томато Продукција, Теа и Панчо одлично се забавуваа во опуштена и релаксирана атмосфера. За спотот Теа соработуваше со дизајнерскиот бренд Мустела Ермин и со Дарко Петковски, додека Панчо носеше модели на Jack & Jones.

Сега да се фокусираме на згодната Теа како личност. Се надеваме дека ќе биде уште долго време присутна на нашата сцена и и́ посакуваме уште многу успеси, во што не се ни сомневаме дека ќе ги има.

Погледнете го спотот и уживајте.