Овие чевли 10 години се ултра модерни и најбарани | Trendseteri
Menu

Овие чевли 10 години се ултра модерни и најбарани

Трендовите доаѓаат и заминуваат, но овие чевли и понатаму опстануваат

 

Моделот на чевли кој помеѓу познатите дами е најбаран и не им здосадува веќе 10 години

Еден од најпознатите дизајнери за чевли Jimmy Choo, неодамна го прослави 70тиот роденден. Своите први чевли, односно папучи-влечки, ги направил со 11 години, а многу години подоцна настанаа и најпопуларните чевли со висока потпетица од неговата модна куќа.

Пред повеќе од 10 години креативната директорка на модната куќа Jimmy Choo, Sandra Choi, ги дизајнираше сандалите кој станаа најпопуларен пар чевли од овој бренд, култниот модел The Lance.

Во сандалите со елегантно тенка потпетица, креирани со трака на долниот дел на стапалото и со две каишки околу зглобот, се заљубија бројни познати дами меѓу кои и Џенифер Анистон, Амал Клуни, Хали Бери, Шарлиз Терон и Кендал Џенер.

Моделот The Lance е комбинација од нежни женствени линии со архитектонска генијалност, така што сандалите се синоним за квалитет и врвен стил.

Двојната каишка стана препознатлив детал за дизајнот на чевли на овој бренд.

Jimmy Choo е роден во Малезија во столарско семејство. Неговото вистинско презиме е Chow, но во неговиот извод е погрешно запишано како Choo. Неговиот татко сите чевли ги изработувал рачно, а таа техника ја пренел и на синот.

Брендот е продаден на Michael Kors минатата година во мај.