Тесни фармерки за секоја пригода | Trendseteri
Menu

Тесни фармерки за секоја пригода

Тесни фармерки за секоја пригода

 

Фармерките се неизбежен дел од гардеробата на секоја девојка и се носат во текот на целата година. Во главно може да се комбинираат и да се носат на секакви пригоди, без разлика дали станува збор за некоја свеченост или некој секојдневен настан. Оваа сезона, како и изминатите неколку во мода се тесни панталони и фармерки, а она што се менува од сезона во сезона е висината на струкот.
Популарните и незаменливите тесни фармерки со висок струк можете да ги комбинирате со се што ќе посакате, ако имате само малку фантазија.

Како да ги изберете идеалните фармерки за вас?

Тесните фармерки можат да одговараат на секоја жена без разлика дали вашето тело има облик на песочен часовник, круша, јаболко или банана. Се што треба да направите е да дознаете како да го изберете најдобриот тип на фармерки кој ќе одговара со вашата фигура.

 

Песочен часовник

Жените кои се во облик на песочен часовник имаат слична ширина на градите, рамената и колковите и тесна половина која ги дели. За да ги одберете идеалните фармерки за вашата линија, треба да внимавате фармерките да се вклопуваат цврсто без широко и непријатно чувство кога се движите или седите, да се со добар квалитет за да нема дисторзии или олабавување.

Банана

Телото во форма на банана се карактеризира со тоа што колковите, половината и рамената се со приближно иста големина. Иако овој вид на тело е помалку заоблено од другите силуети, тесните фармерки можат да помогнат да се создаде форма. Заедно со некои детали како што се зашиени џебови или украси на истите, исто така може да помогне да се создаде илузија на на поголема заобленост.

Јаболко

Жените со јаболко форма на тело се широки во колковите, половината и имаат заоблен стомак. Иако наликуваат на круг, нозете можат да бидат во било која големина, што претставува предизвик за вас да најдете тесни фармерки кои ќе се вклопуваат и ќе ве направат да изгледате послабо.

Круша

Круша силутетите се помали на врвот и поголеми на дното. Жените со оваа форма често имаат тесни раменици и убава половина, со широки колкови и бутови. Многу често се случува жените со круша форма да паднат во стапица со купување поголема големина за да ги соберат бутовите, но на крај завршиле со фармерки кои се премногу долги кај глуждот. За да го надминете овој проблем, најпознатите брендови нудат различни опции на должина, како што се кратки, стандард и долги. Направете го вистинскиот избор за да изгледате и да се чувствувате најдобро.